ARIA – блутут слушалки отпорни на вода и прашина

54

Фото: IndieGoGo

ARIA се блутут слушалки коишто имаат сертификат IP67 за отпорност на вода и прашина, а батеријата им трае 32 часа.

Компактибилни се со Siri и Google, а со полнење од 15 минути, може активно да се користат 3 часа.

Нема потреба за поврзување со телефон на секое вклучување, слушалките автоматски се конектираат со телефонот или таблетот кога веќе еднаш биле поврзани.

Исто така може да се стопира музиката, да се оди на следна песна, да се одговори на повик или да се одбие само со допир на нив.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Њујорк, САД и има своја кампања на платформата IndieGoGo. Досега има собрано 510.641 од потребните 10.000 долари, а кампањата трае уште 24 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.