Armadillo – T: Револуционерен електромобил што се преклопува

23

Armadillo-T

Во Јужна Кореја беше претставен експериментален електричен автомобил Armadillo – T, мал двосед кој се преклопува на половина за да се ослободи повеќе место за паркирање. Ова возило може да помине 100 километри по 10 минути полнење на електрична мрежа, а најголемата брзина му е 60 километри на час. Кога ќе застане на местото за паркинг, задниот дел му се преклопува преку предниот и вкупната должина му се намалува на 1,65 метри.

Возилото можеби никогаш нема да влезе во сериско производство и не може да се вози по улиците во Јужна Кореја, затоа што не ги задоволува безбедносните прописи на оваа земја, но е показател на трендот на развој на еколошки возила за урбани простори.