Арно е најбогатиот човек на светот

75

Французинот Бернар Арно, претседател и извршен директор на глобалната компанија за луксузни производи LVMH, е најбогатиот човек во светот.

Тој го презеде првото место од американскиот претприемач Илон Маск, објави веб-страницата на магазинот Форбс.

Според Форбс, богатството на Арно се зголемило за 23,6 милијарди американски долари и моментално се проценува на 207,8 милијарди долари, пренесува Танјуг.

Илон Маск падна на второто место со неговите компании Tesla и SpaceX кои му помогнаа да постигне нето вредност од 204,5 милијарди долари.

Веста доаѓа откако компанијата на Маск, Тесла, падна за 13 отсто на берзата во четвртокот, што предизвика американскиот бизнисмен да загуби повеќе од 18 милијарди долари од нето богатство.

Во меѓувреме, акциите на LVMH пораснаа за повеќе од 13 отсто во петокот по веста за силна продажба. Пазарната капитализација на LVMH достигна 388,8 милијарди долари, во споредба со пазарната капитализација на Tesla од 586,14 милијарди долари.