Асертивност – како љубезно да кажеме НЕ

36

ne

Фото: Pixabay

Асертивноста е начин на однесување што ни овозможува да се избориме за своите ставови без да влегуваме во непотребни конфликти или да бидеме доброволна жртва на ситуацијата (свесно или несвесно).

Тоа е вештина преку којашто нашето мислење и чувства се земаат во обѕир, а притоа не се нарушуваат правата на другите. Асертивното однесување треба да се поврзе со проблемот којшто го имаме со одредената личност, а не со самата личност.

Основни елементи на асертивноста

Јасно прецизирање на однесувањето што ни пречи. Со ова даваме шанса постоечкиот проблем да се реши. Доколку не истакнеме што ни пречи, не можеме да очекуваме дека тоа ќе се смени. Со пасивен став ги ставаме потребите на другите пред сопствените, а ако примениме агресивно однесување нашите потреби ги ставаме на прво место.

Клучот е да се направи разлика помеѓу однесувањето и одлуките за кои сте одговорни и да преземете одговорност и за однесувањето на другите, за кое немате никаква одговорност и не треба да се обвинувате себе си и да трпите последици.

Објаснување на причините зошто однесувањето ни пречи. Мораме да дадеме до знаење зошто конкретното однесување ни пречи и какви последици остава врз нас. Доколку некој не е свесен дека со однесувањето нè повредува, не можеме да го обвинуваме ако сме премолчиле дека имаме проблем со истото.

Треба да се покаже разбирање за причините и потребите и на другите луѓе, но истовремено да се изнесе своето мислење и причини во обид да се најде компромис.

Дефинирање на нашите потреби. Ако сме го дефинирале проблемот и последиците на нечие проблематично однесување, следен чекор е да најдеме начин со кој можеме да ја решиме ситуацијата. Притоа, мораме да бидеме јасни во тоа што го бараме од луѓето, од причина што постојат работи што не се подразбираат сами по себе.

Ако одредено однесување не ни е пријатно, треба да дадеме предлог како истото да се подобри. Доколку само истакнеме дека нешто ни пречи, без да предложиме конструктивен начин на решавање на проблемот, тогаш нашиот став би се протолкувал како агресивен.