На вонреден сервис се повикани 17.590 сопственици на автомобили Aston Martin, затоа што поради лошиот квалитет на пластичната компонента набавена од Кина, постои можност да откаже педалата за гас. Возилата кај кои е воочен овој проблем се произведени во периодот од 2007 до 2012 година и претставуваат скоро 75% од сите произведени автомобили од оваа британска компанија.
Потврдени се 22 случаи на откажување на неисправната компонента, но ниту еден дефект не предизвикал сообраќајна несреќа или било каква повреда на некој од патниците во тие возила.
Aston Martin произведува луксузни автомобили кои се продаваат по цени над 120.000 долари.