AstraZeneca ги здружува силите со Spuntik V?

37

На официјалниот Twitter профил на производителот на руската вакцина Sputnik V се појави објава во којашто се предлага AstraZeneca да ја комбинира својата вакцина со руската и на тој начин да ја зголеми ефикасноста, што е само 62% за разлика од 90% на Pfizer и 95% на Moderna, како и онаа на Sputnik V за којашто Русите тврдат дека има 95% ефикасност.

“Предлагаме режим на комбинација на вакцината на AstraZeneca со онаа на Sputnik V со човечки аденовирусен вектор за да се зголеми ефикасноста“, стои во објавата.

Извршниот директор на AstraZeneca, Паскал Сориот рекол дека таа фармацевтска компанија ќе мора да помине низ дополнителни студии пред вакцината да биде спремна за употреба.

Фото: Freepik