AstraZeneca ја презема американската компанија TeneoTwo за 1,27 милијарди долари

19

Фармацевтската компанија AstraZeneca објави дека ќе ја купи биотехнолошката компанија TeneoTwo за 1,27 милијарди долари. Со овој потег, фармацевтската компанија планира да ја прошири листата на терапии за лекување на рак на крвта.

Договорот вклучува експериментален третман за не-Хочкинов лимфом на кој работи американската фирма, се вели во соопштението на фармацевтската компанија.

Експерименталната терапија, која ги третира Т-лимфоцитите, е дел од класата на имунотерапија на третмани кои го поттикнуваат телото самостојно да се бори со клетките на ракот, пишува Ројтерс.

Трансакцијата најверојатно ќе се затвори во третиот квартал од оваа година и не се очекува да влијае на финансиските изгледи на AstraZeneca за 2022 година.