
Мисијата на НАСА Артемис III, закажана за 2025 година, ќе биде првата мисија за слетување на Месечината од декември 1972 година кога астронаутите стапнаа на површината на природниот сателит на Земјата како дел од мисијата Аполо 17. Планот е астронаутите да носат Прада.
Италијанската модна куќа Прада и стартапот од Тексас Axiom Space ќе соработуваат на дизајнот на вселенски одела за лунарната мисија Артемида III планирана за 2025 година, објавија компаниите во заедничката изјава.
Инженерите на Прада ќе соработуваат со тимот на Axiom Space од самиот почеток на процесот на дизајнирање, наоѓајќи заеднички решенија кога станува збор за дизајнот и материјалите на оделата на астронаутите, се вели во соопштението.
Тоа, се разбира, не значи дека луѓето треба да очекуваат да ги видат астронаутите во чудни модели. Одржувањето на добра топлинска средина е критично, пишува Би-Би-Си.
На почетокот на оваа година, Axiom претстави вселенски костум, за кој рече дека ќе се носи на претстојната мисија. Оделото тежело 55 килограми.
Еден астронаут изјави за Би-Би-Си дека смета дека Прада е подготвена за предизвикот поради нивното дизајнерско искуство. Тоа искуство беше изградено не само на модните писти во Милано, туку и преку учеството на Прада во едриличарскиот натпревар за Купот на Америка.
„Прада има значително искуство со различни видови композитни ткаенини и можеби ќе може да даде вистински технички придонес во надворешните слоеви на новиот вселенски костим“, вели професорот Џефри Хофман, кој летал на пет мисии на НАСА и извел четири вселенски прошетки.











