Ататурк во Истанбул ќе биде затворен по отворањето на новиот аеродром

23

istanbul

Аеродромот Ататурк во Истанбул ќе се затвори по отворањето на новиот аеродром во градот, изјави завчера претседателот на авиокомпанијата Turkish Airlines, Хамди Топчу, на прес-конференција во провинцијата Кастамону, пишува Заман.

“Кога ќе се отвори новиот аеродром во Истанбул, Ататурк ќе се затвори затоа што тешко е да оперираат два аеродроми кои делат ист воздушен простор. Третиот аеродром, кој е во фаза на изградба, ќе може да прими околу 150 милиони патници годишно, со што ќе биде најголемиот аеродром во светот. Во моментов, аеродромот во Атланта има најголем капацитет од 90 милиони патници”, изјави Топчу.

Претходно турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека новиот аеродром ќе биде отворен на 29 октомври 2017 година.