Audi добива нов шеф за дизајн

Масимо Фрасела е новиот директор за дизајн во Audi.

Фрасела ќе го наследи Марк Лихте на 1 јуни, а на оваа позиција доаѓа откако работеше за брендови како Ford и Kia.

“Едноставноста е суштината на мојот пристап кон дизајнот. Мојата страст е да создавам дизајни кои се ослободени од многу украси и кои слепо не ги следат трендовите. Наместо тоа, ќе се потпреме на безвременски и софистициран дизајнерски јазик”, рече Фрасела.

Заедно со Фрасела, компанијата сега, како што велат, го поставува курсот за следната генерација модели на Audi.