Audi ги повлекува S6 и S7 поради потенцијална опасност од пожар

42

audiАуди ќе ги повлече новите модели S6 и S7 поради потенцијален проблем со протекување на горивото. Автомобилите произведени за моделската година 2013 и 2014 година ќе се повлечат поради потенцијално истекување на гориво некаде во системот за довод, што може да предизвика пожар.

Во април оваа година, Audi почна да добива поплаки од сопствениците на погодените модели дека чувствуваат мисрис на гориво. По истрагата, Audi заклучи дека системот за гориво може да се оштети со текот на времето.

“Поради толеранција во процесот на производство, системот може да пропушти гориво”, стои во документите поднесени од Американската агенција за безбедност во сообраќајот. Во присуство на извор за палење, ова може да резултира со оган, соопшти агенцијата.

Овој проблем е присутен кај 3.594 Audi S6 и S7 автомобили во САД. Погодени се само моделите со 4.0 – литарски TFSI мотор. Моделите се произведени меѓу 25 јуни 2012 и 29 мај 2013 година и меѓу 23 мај до 6 септември 2013 година.

Audi ќе ги информира сопствениците за проблемот и бесплатно ќе им го замени системот за доток на гориво.