Audi го продолжува летниот распуст поради недостаток на микрочипови

49

Германскиот производител на автомобили Audi објави дека ќе го продолжи летниот распуст на околу 10.000 работници во фабриките во Инголштат и Некарсулм и ќе го скрати работното време поради недостаток на полупроводници.

Во главната фабрика во Инголштад, сите монтажни линии ќе бидат неактивни до 30 август поради недостаток на чипови и подготовки за производство на целосно електричнот Q6 etron, објави компанијата.

Во Некарсулм, поголемиот дел од производството беше прекинато поради недостаток на чипови пред неколку дена.

Аudiза превенција најави дека ќе го скрати работното време во септември, но истовремено планира дополнителни промени за неколку викенди.

Работниците ќе работат со скратено работно време, изјави во четвртокот портпаролот на компанијата, додавајќи дека поради мерката, тие треба да произведат неколку илјади автомобили помалку од планираното.

“Мораме да планираме од недела до недела. Претходно, дури и планираните дополнителни смени требаше да бидат откажани“, објасни портпаролот на Audi.

Откако ќе се испорачаат компонентите, тие ќе бараат да го надоместат загубеното производство.

Аudi има полни книги за нарачки, но во првата половина од годината поради недостаток на компоненти не успеа да произведе околу 50 илјади автомобили.

Финансискиот директор Јуерген Ритерсбергер предупреди во јули дека поради недостаток на полупроводници, производството може да биде прекинато, а работното време да се скрати во август и септември.

Каде што е можно, чиповите ќе бидат инсталирани во возила кои носат најголем профит и емитуваат најмалку јаглеродни гасови, рече Audi.

Фолксваген објави дека поради недостаток на полупроводнички компоненти, производството во главната фабрика во Волфсбург ќе започне во ограничен обем по летната пауза.

Поради пандемијата на коронавирус, компанијата веќе неколку пати мораше да ја прилагоди својата програма за производство.