Audi изнајмува автомобили и за 1.285 долари дневно

21

audi r 8

Автомобилскиот гигант Audi ја лансираше новата услуга Audi on demand, како пилот програма во Сан Франциско. Станува збор за услуга преку која компанијата нуди повеќе модели на Audi за изнајмување од еден до 28 дена, пишува The Verge.

Моделот А5 е достапен за 200 долари дневно, додека R8 Spyder за 1.285 долари за еден ден. Поновите модели имаат ограничување на километражата што ќе ја поминат, па доколку надминат околу 300 километри дневно, ќе мора да доплатат.

Вклучувањето, заклучување и отклучувањето на автомобилите се одвива преку апликација за паметен телефон, со дигитален клуч како back up опција што ги овозможува потребните функции на автомобилот доколку се испразни батеријата на мобилниот телефон.