Audi најавува електрични автомобили со соларни панели на кровот

46

audi

Фото: Audi

Германската автомобилската компанија Audi заедно со компанијата Alta Devices, подружница на кинеската Hanergy, развија технологија за интегрирање тенки соларни ќелии во панорамските стаклени кровови.

Вградувањето на соларни фотонапонски колектори во панорамскиот кров на електричните автомобили ќе овозможи надополнување на батериите или функционирање на некои електрични системи на возилото.

Планот на производителот е да направи автомобил чијшто кров ќе функционира како соларна плоча и би помагал во полнењето на батериите од обновливи извори на енергија.

Првиот прототип со соларен кров се очекува да биде претставен до крајот на годинава.