Ауди очекува стабилизирање на снабдувањето со чипови до 2022 година

31

Автомобилската компанија Ауди очекува до летото 2022 година да се решат проблемите со набавката на чипови, изјави извршниот директор Маркус Дузман во изјава за германскиот весник Augsburger Allgemeine.

Според Дузман, кој е и член на одборот на директори на Volkswagen, под чие покровителство работи Ауди, компанијата се надева дека во првата половина на следната година ситуацијата со производството и снабдувањето со чипови ќе се стабилизира, пишува Reuters.

Volkswagen ги намали очекувањата за испорака и продажба минатата недела, предупредувајќи дека деловните пореметувања предизвикани од недостаток на компјутерски чипови доведоа компанијата да пријави помали приходи од очекуваните во третиот квартал.

Дузман минатиот месец изјави за Ројтерс дека Ауди ги идентификува проблемите на дневна основа за да обезбеди добра основа за справување со недостигот на чипови и ја опиша моменталната ситуација како „совршена бура“.