Audi оствари добивка од 4,9 милијарди евра

65

Групацијата Audi ги претстави своите продажни резултати за првата половина на 2022 година, а поради кризата со микрочипови, не можеа целосно да ја задоволат големата побарувачка.

Но, и покрај ова, приходот од 29,9 милијарди евра е за 2% поголем во однос на истиот период лани, додека оперативната добивка достигна рекордни – 4,9 милијарди евра.

Начинот на кој го направија тоа е многу едноставен. Поголемата побарувачка за автомобили, заедно со слабата понуда, доведува до повисоки цени. Затоа Ауди реши овој вишок „да го стави во свој џеб“, па оперативната маржа во првата половина од оваа година достигна 16,5 отсто.

Тоа е значително повеќе отколку во првите шест месеци од 2021 година, но и повеќе од стратешката цел од 9% до 11%. Како што тврдат во групацијата Ауди, добри резултати се постигнати пред сè со добро позиционирање на цените, како и многу добри продажни резултати на луксузните брендови Bentley и Lamborghini.

Интересно е што Audi продал 785.099 автомобили, што е за петтина помалку од истиот период лани, а сепак е остварен поголем профит. Што се однесува до електричните автомобили, на клиентите им беа испорачани 50.033 возила, што е за 52,7% повеќе од претходната година (32.775). Audi e-tron остана популарен избор меѓу купувачите, но Q4 e-tron забележа најголем раст на продажбата.

Вкупниот приход во првата половина од годинава од 29,9 милијарди евра е за 2 отсто поголем во однос на периодот од јануари до крајот на јуни 2021 година, а овој производител одлучи да се фокусира на производство на поскапи модели со повисоки маржи, со цел да со помала продажба оствари поголеми приходи.