Audi планира да отвори фабрика за електрични автомобили во САД

74

Ауди, кој е во сопственост на Фолксваген, планира да отвори фабрика за електрични автомобили во САД за да ги искористи субвенциите што ги нуди Законот за намалување на инфлацијата (ИРА), изјави извршниот директор Маркус Дузман.

„Сè уште немаме фабрика во САД“. „Со Законот за намалување на инфлацијата на американската влада, изградбата на фабрика за електрични автомобили во Америка стана, се разбира, многу привлечна идеја“, додаде Дузман.

Ауди најверојатно ќе изгради заедничка фабрика со Фолксваген, кој планира да произведува повеќе автомобили за локалниот пазар во иднина, додаде Дузман, пренесе Ројтерс.

Во последниве години, производителите на автомобили почнаа да го намалуваат извозот и увозот на големите пазари како што се САД, Кина и Европа и наместо тоа ги локализираат синџирите на производство и снабдување за да ги намалат транспортните и логистичките трошоци.

Но, сè поголем број фирми сега најавуваат зголемени инвестиции во САД во светло на дарежливите субвенции и даночни олеснувања што ги нуди ИРА, што ги загрижува европските претставници.