Германскиот произведувач на автомобили Audi, на CES саемот во Лас Вегас го претстави сопствениот 10,2 инчен таблет Audi Smart Display специјално наменет за користење во автомобили, со Tegra 4 процесор на Nvidia, а работи на посебно прилагоден Андроид ОС.
Таблетот, чиј екран е со резолуција од 1920×1080 пиксели, опремен е со Wi-Fi интернет, а сопствениците ќе можат да го управуваат и со гласовни команди.
“Таблетот е развиен специјално за употреба во автомобил”, изјави Рики Худи, шеф на Audi за развој на електроника. Таблетот е дизајниран да биде отпорен на судари и екстремни температури.
Audi не соопшти кога таблетот ќе се најде на улиците, ниту која ќе му биде цената, доколку не се продава во пакет со автомобилот.