Audi во Формула 1 од 2026 година

22
The vehicle shown is a concept vehicle that is not available as a production model.

По неколкумесечни шпекулации, потврдено е дека „Ауди“ ќе влезе во Формула 1 од 2026 година. Ауди ќе стане стратешки партнер на Заубер.

Германскиот производител пред неколку месеци го најави влезот во Формула 1 со очекување дека ќе биде со веќе постоечки тим, а не со нов.

„Ауди“ потврди дека веќе започнале да работат на новата погонска единица.

„Следниот важен чекор кон влезот во Формула 1 е завршен: Ауди го избра Заубер како стратешки партнер за овој проект и планира да купи удел во групацијата Заубер“, се вели во соопштението.

Заубер ќе продолжи да ги произведува останатите делови за болидите кои ќе се користат на патеките во Ф1, како и да донесува одлуки за планирање и извршување на тркачките операции.

Фото: Facebook