Audi заинтересиран да гради фабрика во Бугарија

22

2012 Audi

Неколку компании од автомобилската индустрија, меѓу кои и германската Audi, пројавиле интерес да градат фабрики за компоненти и резервни делови за автомобили во индустриските зони во Бугарија, изјави бугарскиот министер за економија Божидар Лукарски, пишува Днес.

Разговорите сè уште се прелиминарни, но интерес постои, појаснува министерот.

Лукарски најави дека министерството има намера да ги намали административните бариери за инвеститорите, со цел стимулирање на инвестициите и заживување на малите и средни бизниси.