Audi затвора фабрика? 110.000 работници ќе останат без работа

34

Ауди објави дека не успеале да најде соодветен инвеститор за својата фабрика за луксузни електрични автомобили во Брисел, што го зголемува ризикот фабриката да биде затворена.

Ниту еден од 26-те потенцијално заинтересирани инвеститори не понуди „одржлив концепт“ за иднината на фабриката во Брисел, изјави главниот оперативен директор на Audi Герд Вокер, според Bloomberg.

Фолксваген претходно објави во јули дека размислува да ја затвори фабриката на својот луксузен електричен модел Ауди во Брисел поради слабата побарувачка за своите премиум електрични автомобили.

Производствениот погон во Брисел, кој произведе околу 50.000 автомобили минатата година, се бори со долготрајните предизвици како што се високите логистички трошоци.

Доколку се остварат најлошите прогнози, Volkswagen ќе биде принуден да затвори една од своите фабрики за прв пат од 1988 година.

Раководството на германскиот производител на автомобили Фолксваген се одлучи за голема програма за штедење до 2026 година и сака да ја укине гаранцијата за вработување на околу 110.000 работници за да се справи со недостигот на касата кој изнесува пет милијарди евра, објавија медиумите.