Automotive Group воведе највисок еколошки стандард во работењето

40

Компанијата Automotive Group го воведе системот за заштита на животната средина според стандардот ИСО 14001/2005.

“Нашата посветеност на квалитетот и заштита на животната средина, грижата за вработените и континуирано подобрување на нашето работење не прават уште појаки во вербата дека Еколошкиот менаџмент ќе ни обезбеди одржување и задоволство на своите клиенти и континуирана поддршка на заедницата и други претпријатија”, велат од Automotive Group.

Со примената на овој систем, сите процеси или услуги во компанијата се одвиваат според стандарди за заштита на животната средина. Тоа значи можност да се намалат штетните влијанија врз животната средина и работната околина.

Од компанијата велат дека грижата за општествената одговорност ќе придонесе за поблиски релации со клиентите, фирмите, државните институции, осигурителните компании и инвеститорите.

Преку воспоставените контакти ќе се подобрат конкурентноста на пазарот, угледот и имиџот на компанијата, односите со добавувачите и купувачите, мотивација на вработените, што ќе доведе до долгорочен успех во бизнисот.

Automotive Group ги охрабрува и другите компании во своето работење да го применат овој еколошки стандард, што би придонел за почиста работна и животна средина.