AVAX влегува во Топ 10 криптовалути

172

Avalanche (AVAX) имаше силен настап во изминативе денови, надминувајќи ја стабилната монета Binance USD (BUSD).

Алткоинот стана деветта криптовалута по пазарна капитализација.

Според податоците од CoinMarketCap, AVAX порасна за околу 10% во текот на вчерашниот ден до вредност од нешто повеќе од 80 долари.

Иако не е јасно што се крие зад најновата цена, AVAX неодамна забележа зголемена побарувачка кај институционалните инвеститори, според новиот извештај на CoinShares.

Според извештајот, Avalanche беше второто крипто-средство со најдобри перформанси по Биткоин во неделата што завршува на 21 февруари, со приливи во фондовите за дигитални средства кои поддржуваат AVAX во вкупна вредност од 25 милиони долари.

Цената на BTC денеска е во пад поради ситуацијата во Украина и моментално се тргува за  35,667.64 долари, што е пад од речиси 9 отсто во последнве 24 часа. Ethereum (ETH) во последните 24 часа падна за 11,79 отсто и се тргува за 2,391.96 долари во моментот на пишување.