Фото: Pixabay
Производството на шафран во Авганистан оваа година достигна рекордно ниво и забележа пораст од 22% во однос на истиот период лани, соопштуваат тамошните власти.
“Последните статистички податоци од Министерството за земјоделие покажуваат дека шафранот или таканареченото “црвено злато“ се зголеми за 22%, достигнувајќи 13 метрички тони оваа година“, стои во соопштението.
Овој зачин се одгледува во 33 од вкупно 34 провинции во земјата, произведувајќи 12.955 килограми шафран или скоро 13 метрички тони.
Над 6.600 лица се обучени за производство, преработка и пакување на шафранот, а скоро 90% од вкупното производство е наменето за извоз.
Во 2017 година, во планинските предели на Авганистан беа произведени 10,6 тони шафран.