Август помина скоро без странски туристи, но бројот на домашни зголемен за 8,9 %

40

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2020 година изнесува 133.704, а бројот на ноќевањата изнесува 684.719.

Бројот на туристите во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е намален за 38,2%, а бројот на ноќевањата е намален за 24,3%.

Бројот на домашните туристи во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е зголемен за 8,9%, а бројот на странските туристи е намален за 92,8%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е зголемен за  1,1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 91,3%.

Во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 59,9%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 25,3%, а кај странските има намалување за 82,2%.

Во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 45%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 16,3%, а кај странските има намалување за 82,8%.

Фото: Freepik