Авио-такси наскоро ќе летаат над Дубаи

На бројните атракции во Дубаи наскоро ќе биде додадена уште една – возење со летечки такси. Компанијата за развој на вакви авиони, Joby Aviation и Обединетите Арапски Емирати потпишаа договор за лансирање на ваков авиопревоз и се договорија само воздушните такси на Joby да летаат над Дубаи во следните шест години. По првиот лет со пилот минатата година, Joby Aviation одржа демонстрација на своите авиони и технологија во Њујорк. Доколку се остварат нивните амбициозни планови, следната година треба да почнат да обезбедуваат транспортни услуги во нивните авио-такси во Њујорк.

Истата година, тие ги планираат и нивните првични операции во Дубаи, додека 2026 година ја одбележаа како година во која ќе започнат да обезбедуваат комерцијална воздушна такси услуга.

Чест ни е што сме партнер на Владата на Дубаи во демонстрирањето на вредноста на одржливиот воздушен транспорт во светот. Денешниот важен договор се однесува на сите три опции неопходни за успешно стартување на услугата за авио такси – конечниот пат до вистинските операции, добро поставена инфраструктура поддржана од партнери и авион со капацитет и опсег со кој може да се направат значајни патувања. , изјави основачот и извршниот директор по потпишувањето на договорот, директорот на Joby Aviation ЏоБен Биверт.

По Дубаи, Биверт вели дека имаат намера да продолжат да ги прошируваат своите операции во други делови на ОАЕ. Договорот кој им гарантира ексклузивност е доста интересен бидејќи Обединетите Арапски Емирати претходно склучуваа договори со други авио-такси оператори како Archer Aviation, но овие компании сега ќе мора да се свртат кон другите градови во земјата бидејќи нема да можат да работат во Дубаи.

Воздухопловните такси на Joby се eVTOL авиони, односно можат да полетуваат и слетуваат вертикално, па не им треба вистински аеродром, туку некаков хелиодром. Во моделите кои ќе летаат над улиците на Дубаи и треба да го поврзат аеродромот со неколку населби, има место за пилот и 4 патници. Максималната брзина на летот е дури 320 km/h, а овој авион треба да го скрати патувањето од 45 минути на само десет минути.

Фото: facebook