Авиокомпаниите и аеродромите предупредуваат на хаос поради дигиталните сертификати

47

Здружението на најголемите европски авиокомпании и аеродроми предупреди дека ќе има хаос и неколкучасовно чекање доколку не се воспостави подобра координација меѓу земјите по пуштањето на дигиталниот сертификат на ЕУ за Ковид-19.

Европскиот систем на дигитални ковид сертификати ќе стапи на сила во четврток, но здружението на аеродроми ACI и здруженијата на авиокомпаниите А4Е, IATA и ERA со писмо предупредија до европските лидери за “загрижувачката разновидност на пристап“ ширум континентот, пренесува Ројтерс.

Бидејќи сообраќајот на патници ќе се зголеми во следните недели, ризикот од хаос на европските аеродроми е сериозен, се вели во заедничкото писмо испратено до европските лидери.

Фото: Pixabay