Авиокомпаниите ќе бидат во плус во 2023 година

72

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) процени дека авиокомпаниите ќе имаат позитивен ефект во 2023 година, по две години загуби, благодарение на стабилизирањето на сообраќајот по олеснувањето на мерките за спречување на ширење на Ковид-19.

Авиокомпаниите загубија десетици милијарди долари во 2020 и 2021 година поради пандемијата на корона вирусот, но воздушниот сообраќај делумно се опорави, а некои аеродроми имаат проблеми со прифаќање на патници.

ИАТА очекува нето добивката на секторот да достигне 4,7 милијарди долари следната година, со над четири милијарди патници. Оваа асоцијација ја намали прогнозата за овогодинешната загуба на секторот, од 9,7 милијарди на 6,9 милијарди долари.

ИАТА посочува дека најновата прогноза ја базира на очекуваното постепено повторно отворање на Кина за меѓународен сообраќај. Имено, доколку Кина не се отвори и не ги релаксира ограничувањата за Ковид-19, ќе трпи профитабилноста на авиокомпаниите.

Еден од ризиците за воздушниот сообраќај во наредната година е можна рецесија во некои земји.