Авиокомпанија бара од своите топ менаџери да работат како носачи на куфери – немаат работници

74

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ побара од вработените во највисокото раководство да работат како „ракувачи на багаж“ три месеци додека компанијата се обидува да се справи со акутниот недостиг на работна сила.

Шефот за операции на компанијата бара најмалку 100 волонтери за работа на аеродромите во Сиднеј и Мелбурн, со задачи што вклучуваат товарање и истовар на торби, како и возење возила за ракување со багаж низ аеродромите, јавува Би-Би-Си.

Како и многу светски авиокомпании, Qantas се бори да ги врати своите услуги со полн капацитет додека границите повторно се отвораат.

„Зголемениот број на нови инфекции со коронавирус во зима, зголемувањето на бројот на случаи на „Ковид-19“ низ заедницата, заедно со постојаните флуктуации на пазарот на трудот, се предизвици за наоѓање работна сила во нашата индустрија“, рече директорот за операции на Qantas, Колин Хјуз.