Авиокомпанијата „Катар ервејс“ воведува виртуелен член на кабинскиот екипаж кој ќе им помага на патниците во авионот и на аеродромот, што на прв поглед не се разликува од другите стјуардеси.
Дигиталната стјуардеса по име Сама (Небо на арапски) може да одговара на прашања во реално време и да комуницира со патниците со помош на вештачка интелигенција, пишува New York Post.
Таа моментално зборува само англиски, но ce планира до крајот на годината течно да зборува и други јазици, вклучително и арапски.