Авиокомпанија од Дубаи воведува специјални соби со наргиле во авионите

31

Emirates, авиокомпанија од Дубаи планира да воведе посебна соба во својот авион Airbus A380 каде патниците ќе можат да се релаксираат пушејќи наргиле.

smoking-shisha

Овие специјални простории ќе бидат достапни само за бизнис и прва класа патници во неколку од супер џамбо летовите, почнувајќи од следниот месец.

“Покрај уникатните услуги како што се спа и релакс салоните, и со оваа нова услуга Signature Shisha Rooms нашите клиенти ќе можат дополнително да уживаат во луксузот со традиционалното наргиле”, велат од компанијата.

Emirates-Shisha-Lounge-Smaller

Патниците ќе можат да букираат Shisha соба од нивното мени во авионот додека удобно седат во своите седишта и да се повлечат со собата за релаксација веднаш по главното мени.

Од авиокомпанијата велат доколку се биде во најдобар ред, овие shisha услуги ќе бидат достапни во сите A380 авиони до крајот на годинава.