Авиокомпанија од соседството без ниту едно евро владини субвенции оствари рекордна добивка од 40,5 милиони евра

113

Националната авиокомпанија „Ер Србија“ објави дека минатата година, според првичните резултати, остварила рекордна добивка од 40,5 милиони евра.

Успеала, како што соопштија, благодарение на воведувањето на повеќе од 20 нови дестинации, големото зголемување на вкупниот број летови и превезени патници, како и ефикасното работење, пренесува Бета.

„На овој начин, српската национална авиокомпанија го продолжи позитивниот деловен тренд и практично забележа двојно поголема добивка во однос на претходната година и двата пати без ниту едно евро владини субвенции“, се наведува во соопштението.

Ер Србија продолжи да постигнува позитивен оперативен и нето резултат во текот на 2023 година и според прелиминарните резултати, забележа приход од 627,9 милиони евра, што надминува половина милијарда евра приход за прв пат од 2013 година, кога компанијата работи според сегашните име.се нагласува во соопштението.