Авиокомпанија продава чаши за шампањско и папучи за да ги надомести загубите

58

Британската авиокомпанија, British Airways, која како и останатите е во голем минус поради последиците од пандемијата на коронавирусот, најави интернет продажба.

Ќе продава луксузни прибори за јадење, садови, козметички прибор, количка и останати предмети од авионите, настојувајќи да ги задржи своите клиенти во период кога патуваат многу малку луѓе.

Меѓу понудените предмети на интернет страницата компанијата нуди и чаши за шампањ, садови и прибор којшто се користи во првата класа, папучи и прекривки кои, како што пишува во соопштението на авиопревозникот, на купувачите ќе им овозможи да се потсетат на волшебното искуство на летање и во сопствениот дом.

За да ги надополнат загубите и да ја подобрат финансиската ситуација на која жестоко влијаела пандемијата на коронавирусот, авиокомпанијата уште на почетокот на годината ги продала уметничките дела вредни милиони фунти.

Фото: Freepik