Авиони се претвораат во ресторани – сите места резервирани за 30 минути

50

Поради пад на приходите поради пандемијата, Singapore Airlines на 24 и 25 октомври претвора два авиони Airbus А380, паркирани на аеродромот Чанги, во импровизирани ресторани.

Bloomberg известува дека сите места во рестораните биле распродадени во рок од 30 минути, бидејќи луѓето сакаат да го вратат чувството на возбуда. Азиската компанија продава четири различни “нивоа“ на оброци, кои се движат од 39 до дури 474 долари.

Singapore Airlines објави нето загуба од 825 милиони долари во јули и на крајот на септември објави дека истражува други начини за заработка. Покрај претворањето на авионите во ресторани, компанијата соопшти дека ќе понуди достава на храна од авион на домашна адреса, заедно со упатства за готвење.

Само 32 од 220 авиони на сингапурската авиокомпанија летале до крајот на септември.

Фото: Freepik