Авионите на Montenegro Airlines како летачки билборди

42

MA

Црногорската национална авиокомпанија Montenegro Airlines (МА) која е во големи финансиски проблеми, најде нов начин за заработка – користејќи ги своите авиони како летачки рекламни платформи.

Сите шест оперативни авиони во флотата од двете страни на предниот дел на трупот добија реклами за комплексот DukleyGardens во Будва, пишува Вијести.

Портпаролот на МА, Ненад Марковиќ вели дека брендирањето на авионите на националната компанија е начин да се остварат дополнителни приходи по основ маркетинг. Тој додава дека рекламните натписи се изработени од специјална фолија која лесно се вади.

МА минатата година ја заврши со загуба од преку 3,8 милиони евра, а компанијата вкупно должи околу 68 милиони евра.

Владата на Црна Гора, која е мнозински сопственик во оваа компанија, веќе неколку пати се обиде да и најде купец, но без успех.