Најпознатата мачка на светот Hello Kitty месецов за прв пат авионски ќе допатува во САД. Станува збор за првиот авион на тајванската авиокомпанија Eva Air кој е целосно обложен со логото на овој мега популарен бренд.
Откако со години ги придружуваше патниците на Азиските воздушни линии во Јапонија, Хинг Конг, Јужна Кореа, Кина и Гуам, цртаното маче стана многу популарно кај патниците, па затоа од компанијата се одлучија Hello Kitty авионот или B777-300 да патува и за Северна Америка.
Патниците од 18 септември ќе можат да патуваат три пати неделно од Тајпеј до Лос Анџелес на шарениот Hello Kitty џамбо џет, каде буквално се е во знакот на популарната бела мачка со машничка.
Од седиштата и чашките во авионот па се до течните сапуни и ќеси во тоалетот, Hello Kitty може да се види насекаде.
Моментално авиокомпанијата Eva Air има пет тематски Hello Kitty A330 авиони кои оперираат во Азија и тоа Magic, Apples, Music, Around the World и Speed Puff.