Virgin Australia е последна во низата авиокомпании кои ја збогатија својата програма со дозвола за носење на миленичиња на летовите.
Тоа значи дека мачињата и кучињата кои ќе патуваат со своите сопственици ќе добијат 300 поени за програмата Velocity Frequent Flyer, на превозникот.
Таканаречената кралска програма за миленичиња е прва од ваков вид во Австралија. Авиокомпанијата превезува 30.000 миленичиња годишно, а поените се добиваат само доколку патникот патува со своето милениче.
Velocity Frequent Flyer исто така организира натпревар наречен ‘cutest baby’ (најслаткото бебе милениче) преку кој ќе се избира официјален миленик амабасадор за програмата.
Жителите на Австралија се поканети да ги пријават своите мачиња и кучиња на натпреварот, преку социјалната мрежа Facebook. Победникот ќе биде главна ѕвезда на маркетинг кампањите на Velocity и ќе добие многу подароци.