Авон отпушта 1.500 работници

20

Американскиот произведувач на козметика Авон во рамките на стратегијата за штедење ќе укине 1.500 работни места, што е околу 4% од вработените. Воедно, Авон ќе се повлече од два азиски пазари – јужнокорејскиот и виетнамскиот, од каде ќе отпушти 100 работници, пишува АП.

“Последните одлуки се неопходни за стабилизација на компанијата и враќање на Авон на патека на треан раст”, се наведува во писмената изјава на директорот на компанијата, Шери МекКој.

Авон во ноември соопшти дека планира до 2015 година да заштеди 400 милиони долари, но отпуштањата и повлекувањето од пазарите се првите детали од планот. Компанијата планира да се фокусира на високо приоритетни пазари.

Аналитичарот Венди Николсон од Citi Investment Research смета дека отпуштањата не ја изненадиле и дека очекува да има уште. Таа смета дека пазарите од кои се повлекува се мали и непрофитабилни и дека компанијата прави тежок избор за тоа каде ќе игра.

Авон оваа година се бореше да ги подобри перформансите откако се соочи со пад на приходите, истрага за примање поткуп и други проблеми.

Компанијата Авон е основана во 1886 година, а “Авон дамите” во САД продаваа козметика од врата на врата. Денес компанијата е присутна во 100 земји преку шест милиони независни продавачи.