Avon поднесе барање за банкрот во САД

127

Козметичката компанија Avon Products поднесе барање за стечај откако се соочи со низа тужби во кои се тврди дека нејзините производи предизвикуваат рак.

Оваа компанија е позната ширум светот по својот модел за директна продажба кој вработува приближно 6,4 милиони жени за маркетинг и продажба од врата до врата. На овој начин во 2020 година на светскиот пазар пласираше своја стока во вредност од 9,1 милијарди долари.

Сепак, Avon Products е само американскиот дел од целокупниот бизнис на Avon. Според тоа, тужбите што се поднесени против него во САД не се однесуваат на бизнисот на самиот бренд, што значи дека тој ќе продолжи да продава козметички производи ширум светот. Споменатите тужби се покренати поради сомневање дека талкот пронајден во одредени производи на Авон е канцероген. Затоа Avon Products поднесе барање за стечај, што треба да и даде повеќе време на компанијата да се справи со судските спорови. Истиот модел беше користен во истите околности од Џонсон и Џонсон.

Бразилската фирма Natura & Co, која го купи Авон во 2020 година, се согласува со одлуката да иницира банкрот и понуди финансиска помош на компанијата до завршување на судската постапка, пренесува Бизнис и Финансије.