Австралија ги прошири санкциите за повеќе руски компании

9

Австралија денеска воведе насочени финансиски санкции за 14 руски државни компании, вклучително и компании вклучени во одбранбениот сектор, како што е производителот на камиони Камаз, и бродоградежните компании Sevmash и OSK.

Санкциите ќе бидат проширени и на Роселектроникс, која е одговорна за производство на околу 80 отсто од сите руски електронски компоненти, и Руските железници, поради инвазијата на Москва на Украина, се вели во соопштението на австралискиот министер за надворешни работи Марис Пејн, пренесe Ројтерс.

Австралија досега санкционираше околу 600 руски физички лица и субјекти, вклучувајќи го и најголемиот дел од рускиот финансиски и банкарски сектор.