Австралија ќе го гради најголемиот хотел во светот

23

reefAquis Great Barrier Reef  ќе биде името на мегахотелот со 7.500 соби,  кој ќе се гради северно од градот Карнс, близу Големит корален гребен во Австралија.

Ресортот кој воедно ќе биде и најголемиот во светот, ќе чини 7,1 милијарда долари, а зад него стои кинескиот милијардер Тони Фанг.

Мегазданието ќе се простира на површина од 314 хектари, а ќе вклучува хотел со шест ѕвезди, две казина, терен за голф, театри, воден парк, аквариум, конференциски и изложбени центри.

Изведувачите се надеваат дека изградбата ќе може да започне од следната година, а според планот првиот дел од хотелот е планирано да биде отворен во 2019 година.

215293-8e850f9a-7438-11e4-b03b-58f0683fe028 215319-a9e024d2-7438-11e4-b03b-58f0683fe0281418878912129217976-9242d7d4-7438-11e4-b03b-58f0683fe028218002-96fac872-7438-11e4-b03b-58f0683fe028