Австралија: Meta казнета со 12,65 милиони евра, собрани кориснички податоци

21

Компанијата Meta ќе мора да плати казна од 12,65 милиони евра за собирање податоци за корисниците преку апликација која вети дека ќе ја заштити нивната приватност, одлучи денеска Федералниот суд во Австралија.

Meta ќе мора да ги плати и судските трошоци на австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи (ACCC), која поднесе тужба против американската компанија, пренесува Ројтерс.

Оваа пресуда е поврзана со услугата VPN наречена Onovo, која компанијата Меtа – која тогаш се викаше Facebook – ја нудеше од почетокот на 2016 година до крајот на 2017 година.