
Нова аквизиција во светот на рударството, и овој пат мерена во милијарди долари. Австралиската рударска компанија BHP доби одобрение од акционерите да го преземе рудникот за никел и бакар Oz Minerals за 6,4 милијарди долари.
На акционерското собрание добија поддршка од 78,93 отсто од гласовите.
BHP понуди 28,25 австралиски долари по акција за преземање, што се состои од 26,50 австралиски долари платени од BHP во готовина и 1,75 австралиски долари платени од Oz Minerals како специјална дивиденда. Доколку преземањето биде одобрено од Федералниот суд на Австралија на 17 април, акциите на Oz Minerals ќе бидат отстранети од берзата на 18 април.
Фото: Pixabay











