Австрија: 21 јули е критичен датум за снабдување со гас на цела Европа

73

Поради ремонт на гасоводот Северен тек 1, чиј почеток е предвиден за денеска, и Австрија ќе добие помали испораки на руски гас, изјави министерката за енергетика Леоноре Гевеслер, која смета дека на 21 јули, за кога е предвидено да се завршен, ќе биде критичен датум за испораки на гас на цела Европа.

„Денес никој не може да предвиди дали испораките ќе бидат целосно обновени по ремонтот“, рече Гевеслер.

Вообичаениот ремонт на гасоводот „Северен тек 1“ претходно не привлече големо внимание на јавноста во Европа, но оваа година поради војната во Украина и тензиите со Русија, создаде нервоза на целиот континент, вклучително и во Австрија, бидејќи  стравувa дека низ тој цевковод и по завршувањето на работите нема да тече гас.