Додека високата инфлација, поскапувањето на храната, струјата и горивата им предизвикуваат проблеми на граѓаните во Австрија, зголемувањето на цените носи дополнителни приходи врз основа на ДДВ и даноци на доход.
Според проценките на експертите од економско-либералното здружение „Агенда Австрија“, годинава и во наредните години, врз основа на поскапувањето, државата би можела да оствари приходи зголемени за 7,5 до 10 милијарди евра.
Тие објаснуваат дека повисоките стапки на инфлација доведуваат до итно зголемување на даноците поврзани со потрошувачката, како што е ДДВ.