Австрија издава 50-годишни обврзници

21

Австрија се задолжи со издавање на обврзници чиј рок на достасување е 50 години, приклучувајќи им се на европските земји што го користат периодот на ниски трошоци за задолжување за издавање должнички хартии од вредност со долг рок.

Австрија доби 1,75 милијарди евра со издавање на 50-годишни обврзници коишто привлекоа со понуда во вредност од 14,8 милијарди евра.

Шпанија се задолжи со шест милијарди евра преку издавање на 15-годишни обврзници што привлекоа понуда со вкупна вредност од 62 милијарди евра, пренесува Ројтерс.

На минатонеделната аукција, Италија со издавање на 50-годишни обврзници се задолжи со пет милијарди евра, при што вредноста на понудата беше 13 пати поголема од понудената.

Продажбата на италијанските и австриските 50-годишни обврзници сигнализира потреба на државата за задолжување, со ниски трошоци, со издавање на обврзници со многу долг рок на враќање.

Ниските трошоци на задолжување ги искористија и Франција, Белгија и Шпанија.

Фото: Pexels