Австриското Министерство за заштита на климата, животна средина, енергија и мобилност ја продолжи промотивната кампања во која државата го субвенционира секој граѓанин кој сака да купи нов автомобил со 5.000 евра, но со два услова – да се работи за електричен автомобил кој не е поскап од 60.000 евра.
За субвенционирање на електрични возила годинава беа обезбедени 95 милиони евра. Предвидени се и субвенции за финансирање на приватна инфраструктура за полнење на електрични автомобили, со 600 евра за т.н. wallboxes, како и со 1.800 евра за инфраструктурни системи во станбени згради со повеќе станови.
„Иднината на нашите улици е електрична. Главниот лост за подобра заштита на климата лежи токму во прашањето на транспортот“, изјави австриската министерка за заштита на климата, животна средина и енергија, од Партијата на зелените, Леоноре Гевеслер.
„Со е-мобилноста значително го забрзуваме преминот од фосилни горива кон обновливи извори на енергија, што дополнително не ослободува од нашата зависност од Русија“, истакна министерот.
Фото: Pixabay