
Австрија привремено ќе ги намали даноците на бензинот и дизелот за пет евроценти по литар и ќе ги ограничи маржите на трговците на мало со гориво за да го ублажи влијанието од зголемувањето на цените на нафтата предизвикано од војната со Иран, објави денес австриската влада.
„Го намалуваме данокот на нафтените деривати и воведуваме мерки за ограничување на маржите по целиот синџир на снабдување. Овие конкретни мерки ќе ја намалат цената на дизелот и бензинот за околу 10 евроценти по литар“, изјави австрискиот канцелар Кристијан Штокер.
Цените на нафтата се зголемија за повеќе од 40 проценти од почетокот на конфликтот меѓу САД и Израел и Иран.











