Австрија против ограничувањето за исплата на готовина во ЕУ

75

Австрија ја потврди својата голема склоност кон готовина, порачувајќи дека е против планот на Европската комисија готовинските плаќања во Европската унија да се ограничи на 10.000 евра.

Австриското министерство за финансии нарача анкета за ставот на Австријците околу готовината во којашто скоро половина од испитаниците или 47% биле скептични поради ограничување на готовината, а 35% го поздравиле тој потег, додека 19% немаат став по тоа прашање.

Во услови на криза, Австријците сакаат да имаат повеќе готовина кај себе, а тоа го потврдиле и на почетокот на пандемијата, бидејќи во март лани подигнале повеќе од четири милијарди евра што ги чувале дома или во банкарски сефови.

Фото: Pixabay