Научници од Институтот за компјутерска графика и визија во Грац, Австрија, создадоа нов систем на семафори коишто можат да детектираат кога пешаците сакаат да преминат улица.
Според тимот, тие се поефективни од досегашниот систем со притискање на копче и “реагираат“ побрзо. Иновативниот систем со камери ја “препознава“ намерата на пешаците и автоматски го пали зеленото светло, пишува Phys.org.
Освен тоа, го оптимизира протокот на сообраќај – зеленото светло може да свети подолго во зависност од тоа колкава група на пешаци го преминува патот во моментот. Семафорот не свети зелено кога нема потреба, па возилата не мора да чекаат кога нема пешаци.
Главната алатка на системот е камера што е монтирана на семафорите за пешачки премин. Системот ги детектира луѓето во поле од осум до пет метри и доволна му е една секунда да ја процени намерата.
Фото: Pexels